01 Мај, 2024
0.0295

Нечовечки услови и корупција го тресат затворот во „Идризово“-осуденици спијат на картони и душеци на под

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Народниот правобранител Иџет Мемети презентирајќи го извештајот на Народниот правобранител-Национален превентивен механизам за 2016 година, по 50-те спроведени посети на органи и установи во кои слободата на движење е ограничена предупредува за нехумани човечки услови и корупција во затворот во Идризово.

Мемети вели дека условите во Казнено - поправниот дом „Идризово“ не само што се далеку од предвидените стандарди, туку директно го погазуваат човековото достоинство и упатуваат, како што појасни, на понижувачки, нехуман и деградирачки третман, додека во Приемното одделение кое три соби, ходник и тоалет ѕидовите се со мувла и влага, таваните прокапуваат, а прозорците се скршени.

Мемети посочи дека затекнале  80 лица кои спротивно на Законот се задржуваат и повеќе од два месеци пред да бидат префрлени во соодветните одделенија и истите поради пренатрупаност спијат на картони и душеци на самиот под, па и во ходникот, а сите користат еден тоалет, кој е целосно руиниран, и кој истовремено се користи и за чување на приборот за јадење со образложение дека само таму има вода.

Мемети побара итно затворање на приемното одделение во „Идризово“ и префрлување на овие лица во соодветни простории и очекува надлежните итно да постапат и да му достават одговор во рок од 30 дена.

Како што соопшти народниот правобранител состојбата ниту во женското одделение во „Идризово“ не е нешто подобра. 

Мемети укажа и  лошите услови (мувла, влага, нехигиена...) во амбулантното и во затвореното одделение и додаде дека храната која ја добиваат затворениците е со лош квалитет и недоволна.

Тој рече дека поради овие катастрофални и деградирачки услови бара итно затворање на приемното одделение во „Идризово“ и префрлување на овие лица во соодветни простории и очекува надлежните итно да постапат и да му достават одговор во рок од 30 дена.

Правобранителот информира и за појави на корупција и злоупотреби во затворите, каде, според искази на осудени, се продаваат кревети, мобилни телефони, разни видови дроги и дека евидентен е тренд на регрутирање нови зависници.

Можеби ќе ве интересира

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура