17 Мај, 2024
0.0265

НЕДОСТИГААТ УШТЕ 63 ЕВРА - како да преживеете ако земате две минимални плати

Објавено во: Економија 06 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во ноември висината на минималната кошница изнесува 33.742 денари што е за 3.874 денари или околу 63 евра повеќе во однос на две минимални плати и покажува дека две минимални плати не се доволни за да ги покријат основните месечни трошоци на едно четиричлено семејство.

Како што објави МИА, пренесувајќи изјава од ССМ, најмногу пари се трошат за храна и пијалаци, како и за плаќање режиски трошоци. Така, на едно семејство од четири члена, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил, потребни му се 14.149 денари за основни потреби за храна и пијалоци, а 8.547 денари само за подмирување на комуналните трошоци. За лична хигиена и за хигиена на домот, минималните трошоци изнесуваат 2.375 денари.

Пресметките покажуваат дека синдикалната минимална кошница од месец во месец расте што значи дека се зголемуваат трошоците на живот на работниците. Така, во однос на октомври синдикалната кошничка е зголемена за 38 денари, а во однос на септември за 121 денар. 

Од почетокот на годинава до ноември речиси за илјада денари се зголемени основните месечни трошоци, односно ако во јануари на едно четиричлено семејство му биле потребни 32.791 денар, веќе во ноември за подмирување на основните потреби му биле потребни 951 денар повеќе.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА