30 Април, 2024
0.0563

Негативните податоци за активноста во еврозоната ги урнаа водечките индекси

Објавено во: Анализа 22 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Главните индекси во Европа ја затворија четврточната сесија во различни  насоки. Инвеститорите реагираа на негативните податоци за активноста во еврoзоната, додека добрите финансиски резултати на некои компании ги компензираа опасностите на пазарните учесници. По затворањето на сесијата индексот FTSE 100 не запиша промена и заврши на пунктот 6681,33. Индексот на сините чипови во Германија DAX се намали за 0,07%. Френцускиот  САС 40 забалежа намалување од 0,34%.  Шпанскиот бенчмарк IBEX 35 се покачи за 0,42%. Паневропскиот бенчмарк FTSEurofirst 300 заврши со намалување од 0,1%, по што бизнис активноста во еврозоната неочекувано падна, предизвикувајки опасности, бидејки востановениот блок од 17 членки губи од брзината. Флеш верзијата на комбинираниот индекс на менаџерите за набавки  (PMI) забележа пад на активноста во производствениот сектор и во секторот на услугите на еврозоната иако експертите очекуваа поинакви бројки. PMI индексот за двата сектори во Германија исто така забележа намалување. И во Франција PMI индексот не ги оправда очакувањата. Сепак и добри новости имаше за учесниците на пазарот.  Акциите на Johnson Matthey – нај-големиот производител во светот на катализатори за контрола на емисии кои ги исфрлаат автомобилите – пораснаа за 3,75% откако компаниjaта забележа раст на заработувачката за првото полугодие од 13%. Протоколот од заседанието на Федералните резерви на САД исто така влијаеа на индексите и продолжува да го диктира одност на инвеститорите во светот откако и на стартот на сесијата на Wall Street учесниците на пазрот ризикуваа умерено. Изгледа дека  и политичарите во Европа ќе го промената курсот на својата политика. Над еврото беше поставен притисок откако се појави тврдење дека Европската Централна Банка може да направи поголем паричен стимул. Акциите на енергетскиот оператор National Grid порасна за  0,72% и покрај послабото претставување на американското одделение на компанјијата што беше причина за општата ниска заработка за полугодието. Акциите на Investec се намалија за 0,77% по објавата на финансиските резултати за првите шест месеци од 2013 година. K. K.