Добивај вести на Viber
Поранешниот пратеник и активист Павле Богоевски ја прозва скопската градоначалничка Данела Арсовска, со фотографија од неисчистен снег на улицата „Партизанска“ во Карпош 2.
„Добро утро Данела. Денес е еден од оние денови кога радо би ги промениле твоите "менаџерски способности", со нечија друга, "ароганција".
Фоткава е од крстосницата на Партизанска, Карпош 2“, напиша Богоевски на својот фејсбук профил.
Притоа е очигледно дека се алудира на наводната ароганција за која беше обвинуван поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов.
Од вчера попладне главниот град беше зафатен со врнежи од снег, кој на изненадување на сите, се задржа на површините.