26 Април, 2024
0.0270

Нејмар е машина за правење пари - Срушени трансфер рекордите

Објавено во: Стил 04 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Милијардерите шеици кои го поседуваат францускиот фудбалски првак ПСЖ не жалеа пари ни средства да го доведат Нејмар кој во текот на летото даваше знаци дека не е среќен во Барселона без оглед на освоените титули. На Нејмар му беше потребно да се истакне како главна ѕвезда, а не да биде дел од МСН триото покрај фудбалскиот бог Лео Меси и контроверзниот уругваец Суарез. 

Затоа ПСЖ реши да го направи најскапиот трансфер во историјата на фудбалот плаќајќи им на Каталонците неверојатни 220 милиони евра со што двојно го надминаа претходниот трансфер на Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед вреден 110 милиони евра. 

- Среќен сум што ќе бидам дел од ПСЖ. Ќе се обидам да помогнам клубот да освои што е можно повеќе титули и секако да ги израдувам навивачите.

Нејмар ќе биде играч на ПСЖ до 30 јуни 2022 година. Младиот бразилец во Барселона дојде во 2013 година од Сантос за 55 милиони евра, кои со дополнителните бонуси изнесуваше и повеќе.

Нејмар како играч на Барселона постигна 105 голови на 186 натпревари за четири години. Двапати беше првак на Шпанија, освои три Купа на Шпанија и по еднаш Супер купот на Европа, Лигата на шампиони и Светското клупско првенство.

Транферот е одобрен и од страна на ФИФА кои не покренаа постапка за фер плеј за потрошените пари. Се очекува ПСЖ да си ги поврати парите преку продажба на дресови и на нови спонзорски договори. Нејмар е многу повеќе од фудбалер, тој е глобална ѕвезда со стотици милиони следбеници на социјалните мрежи и е машина за правење на пари. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти