17 Мај, 2024
0.0266

НЕКОИ ВООПШТО НЕ ИСПЛАТИЛЕ, А НЕКОИ ДАЛЕ К15 ПО 100 ДЕНАРИ - работниците пријавуваат, но има ли спас од нечесните газди

Објавено во: Економија 06 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Работниците се охрабрија да ги пријавуваат газдите за неисплата или за формална исплата на регресот за годишен одмор, односно популарно наречениот К 15. 
Покрај пријавите на работниците до подрачните одделенија на Државниот трудов инспекторат, поплаки од работници имало и до граѓанското здружение Гласен текстилец.
Кристина Ампева од Гласен текстилец за штипската телевиија ТВ Стар изјави дека ако вчера бројката на пријави од работниците изнесувала околу 50, денеска веќе нивниот број достигнал 66 пријави. 
„Од она што го гледаме, во некои фирми има исплата на К15 по 100 денари, или на пример, во Куманово, имме исплата на 250 денари, понатаму има исплати и од 2.000 денари. Меѓутоа, она што го гледаме оваа година, е дека многу повеќе од работодавачите се осмелија воопшто да не исплатат регрес за годишен одмор, односно нула, а тоа колективниот договор не го дозволува“, рече Ампева.
Затоа Гласен текстилец бара да се ангажираат повеќе трудови инспектори, но и бараат законски измени. 
„Сакаме до петок да ги собереме сите податоци и да ги испратиме до надлежните. И треба да се испита дали има спогодба во фирмите каде што се исплагтиле вакви срамни суми од 100 или 250 денари. Морам да напоменам дека овде не е проблемот до Државен трудов инспекторат, туку проблемот е до тоа што го овозможува општиот колективен договор, што е намерно оставена дупка за да се манипулира. Додека не се смени Законот за работни односи, не е добро. Значи, треба оваа обврска да се стави во ЗРО, да се прецизира сумата која треба да се исплати и таа да влезе во Законот и да важи за сите подеднакво“, вели Кристина Ампева од Гласен текстилец.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА