24 Јули, 2017
0.1485

НЕМА КОНТРА МЕРКИ ЗА ХРВАТСКА: Винариите оставени сами да се борат!

Објавено во: Агробизнис 06 Март, 2017

Македонија нема да воведе контра мерки за увозот на хрватски производи. Состојбата не била толку алармнтна, вели министерот за земјоделство,шумарство и водостопантво Михаил Цветков. Но, посочува дека повторно ќе побараат од Хрватска да го намали рокот за чување на увозното вино во магацин до пуштање во промет. Деновиве винарските визби имаа средба со Цветков на која ги образложиле новите одредби од хрватскиот Правилник за увоз на вино од трети земји меѓу кои е Македонија, и како тие влијаат врз извозот на македонско вино во Хрватска.

„На средбата присустваа сите винарски визби кои извезуваат вино во Хрватска. Од разговорот произлезе заклучок дека само една винарија има поголем пробем, а кај другите проблемот не толку голем. Сепак ние и натаму ќе инсистираме кај хрватските власти да го намалат рокот за чување на македонското увозно вино во магацини се до пуштање во продажба. Но сметаме дека поради тоа што ситуацијата не е толку алармантна дека не постои простор за преземање на контра мерки за хрватските произвди што се увезуваат кај нас“, вели Цветков.

Неодамна дел од македонските винарски визби кои извезуваат вино во Хрватска се пожалија дека со новите одредби во хрватскиот правилник значително ќе се отежни извозот н амакедонско вино во Хрватска. Ваквите одредби ги нарекоа нетарифни бариери и побараа македонските власти да преземат соодветни мерки.  

„Би сакале да ја изразиме нашата загриженост од донесените измени од страна на Владата во Хрватска за ограничување на увозот на македонско вино, кои доколку се разгледаат подетално и суштински јасно е дека според законските регулативи на ЕУ станува збор за нетрговски бариери со цел заштита на домашните хрватски вина“, изјавија од здружението „Вина од Македонија“.

Со новите правила се пролонгира периодот на ставање на виното во продажбва од 24 часа на минимум 32 дена, а зголемени се и трошоците за дополнителни анализи и за заштита на животна средина. Дел од винарските визби кои извезуваат вино во Хрватска изјавија дека токму поради новите услови ги намалиле количните за извоз во Хрватска. Од вовите правила на Хрватска најпогодени се винарските визби кои извезуваат наливно вино. Винариите алармираа дека трошоците кои произлегуваат од новиот Правилник за увоз на вино од трети земји меѓу кои е Македонија, паѓаат на терет за увозникот односно застапникот на макоднското вино во Хрватска, што влијае врз зголемување на продажната цена и го прави неконкурентно македонското вино на хрватскиот пазар.

Откако македонските власти најавија дека ќе воведат контра мерки за хрватските производи што се увезуваат во Македонија, возвратија од хрватската амбасада во земјава. Оттаму порачаа дека условите за увоз на наливно и вино во пластична амбалажа се еднакави за сите земји, и оти  нема никакви тарифни бариери за увозот на македонско вино. Од хрватската амбасада посочија дека од тие причини не гледаат потреба Македонија да воведе контрамерки за увоз на хрватските прозводи.

Македонија годишно во Хрватска извезува 17 милиони литри вино во вредност од 11,2 милиони евра, поради што важи за една од најзначајните дестинации за извоз на вино.Само лани дури 26 отсто од македонското се извезло во Хрватска. Хрватска е втора земја зад Србија за увоз на македонско флаширано вино и трета зад Германија и Србија за увоз на македонско наливно вино.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

Најзагрозените земјоделци кои имаат проблеми со откупот на лубеници ќе имаат приоритет

Најзагрозените земјоделци кои имаат проблеми со откупот на лубеници ќе имаат приоритет