„НЕМАМ ЗАБЕЛЕШКИ, ОСВЕН ДЕКА ДВАЈЦА КАНДИДАТИ БЕА ФИНАНСИСКИ ФАВОРИЗИРАНИ ЗА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ, А ДИЈАСПОРАТА НЕ МОЖЕШЕ ДА ГЛАСА“ - прва изјава на Јакимовски
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
Кандидатот на ГРОМ Стевче Јакимовски, чпо завршувањето на изборите, ја даде следната изјава.
„Изборите беа цивилизирани, како што доликува на европски граѓани. Докажавме дека можеме да направиме мирни и достоинствени кизбори“, рече тој. .
„Немам забелешка на однесувањето на сите кандидати, и на нивниот вординг, односно речник. Освен една забелешка дека имавме само една дуел емисија, и забелешката дека двајца кандидати беа исклучително финансики фаворизирани за медиумско претставување во оваа изборна кампања, што сметам дека во другите избори тоа треба да се корегира и да има рамноправна поделба на средствата.
Сметам дека немањето на диел емисии ја направи и оваа кампања не толку атрактивна, затоа немаме уште 50 отсто излезност.
Упатувам и критика за гласањето во дијаспората, бидејќи се работи за работен ден
Со луѓето во дијаспората со кои разговарав рекоа дека не можат да им објаснат на нивните работодавачи зошто треба да излезат да гласаат. Тие велат - сметаат дека лажеме, да не одиш на работа за да излезеш да гласаш, а во нивните земји се се одвива онлајн. Тоа е голем недостаток кој треба да се поправи до следните претседателски и мпарламентарни избори“, рече Јакимовски.