05 Мај, 2024
0.0361

Немате „длабок џеб“ а сакате скапи патувања? Ова се вистински дестинации за вас!

Објавено во: Стил 19 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Сакате да си дозволите луксузен одмор од соништата, а не можете да се пофалите со „дебел паричник“? Па, ако одсекогаш мечтаевте за ексклузивно летување на атрактивни дестинации, и „преку глава“ ви е од ефтини летувалишта каде Македонците се на секој чекор, па немате ни чувство дека сте заминале од земјата, постои решение.

Нашите агенции нудат „скапи летувања“ на многу атрактивни дестинации по цена која не е „назмислива“ и „изгор“ како што се мисли на почеток. Секако, мора да направите извесни отстапки како сместување во лоши хотели, или летување вон сезона во термини во јуни и септември, но веруваме дека тоа нема претерано да ви засмета.

Исто така, доколку сте подготвени да „скокнете“ во „ласт минут“ варијанти, ќе поминете уште поефтино, а не треба да се заборават ниту погодностите како плаќање на рати.

Разликата во цените помеѓу вообичаените, „ефтини“ летувалишта и овие „ексклузивните“ и не толку „познати“ не е претерана-во прашање е обично околу 200 евра, што не е невозможна цифра, доколку сте решени да посетите ексклузивна дестинација од оние на кои просечен Македонец навиканал.

Ние ви претставуваме наш избор на дестинации кои вредат да се посетат, а нудат, сепак, нешто поелегантен вид на летување. Сите аранжмани за овие места вклучуваат авионски превоз и сместување во хотели (ноќевање со доручек). Потребно е да се доплати и авионска такса, која се движи од 30 до 50 евра.

1.Родос

rodos

За просечен македонски турист Родос и понатаму спаѓа во „егзотични дестинации“, тој е речиси најдалечниот остров во грчкиот егеј.  Претставува микс од стар град и културни настани, популарни кафичи и бутици, ноќни барови и убави плажи, и е целосно поинаков од оној што навикнавме да ни  го нудат грчките летувалишта. Кон крајот на јуни и почеток на септември, десет ноќевања на Родос чинат од 280 евра па нагоре, во зависност од квалитетот на сместувањето . Најефтино е студиото со две ѕвезди, додека за нешто полуксузни варијанти треба да издвоите околу 420-450 евра.

2. Палма де Мајорка

palma-de-majorka-580x0

Палма де Мајорка е совршен избор за млади, градот е секогаш преполн со странски туристи, улиците се полни и ако е нешто сигурно тоа е дека ќе имате незаборавен помин и многу познатства. Градот е преубав, и има што да понуди, а плажите ширум островот се навистина убави-генерално природата кон овој остров била „дарежилива“. Ако добро се помачите, можете да најдете најефтин аранжман по цена од 450 евра, во термини вон сезона (јуни, септември) и во хотели со две ѕвезди.

3. Сицилија

sicilija-580x0

Преубави езера, шуми, волшебни плажи, место каде се чувствува „духот на минатото“, живописни улици, добра забава-Сицилија е целосно магично и необично место, акде нема да наидете на гламур и раскош, но откаде ќе понесете незаборавни авантури и глетки. Во јуни и септември аранжманите за Сицилија се достапни по цена од 450 евра па нагоре, најчесто во хотели со три ѕвезди.

4. Санторини

santorini-580x0

Најубав и најромантичен грчки остров. Санторини е за сите оние души кои уживаат во бајковитите глетки, убав пејзаж и архитектура, но и заоѓања на сонцето кои оставаат без здив. Секако, ноќниот живот е фантастичен , и не заостанува во однос на Иос и Миконос, кои се познати како „кралеви“ на забавата. Санторини е инаку место на богатите, па подгответе се да заблескате во целосен сјај, а и сметките за трошоци на сместување ќе ви бидат поголеми. Во хотел со две ѕвезди летување на Санторини ќе ве чини најмалку 435 евра, не сметајќи ги аеродромските такси, и секако во термини вон сезона (јуни и септември).

5. Дубаи

dubai-580x0

Залудно е да говориме за ексклузивноста на ова место-Дубаи е свет за себе кој ќе ви понуди целосно поинакво патување од било кој друг во животот. Ќе се изненадите, но ако ви е желба да летувате овде, тоа себе може да си го дозволите со најмалку 450 евра (во цената не се вклучени авионски такси). Хотелите кои нудат ниски цени, се секако од послаба категорија, но колку лош хотел воопшто може да има во Дубаи?