15 Мај, 2024
0.0268

НЕОДОЛИВА УБАВИНА, МАКЕДОНСКА: ЈОВАНА СТОЈМЕНОВИЌ

Објавено во: Стил 09 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Дека убавината е апсолутна - тоа е факт, без оглед на преовладувачкото мислење за нејзиниот релативитет. Како било, македонската, женска убавина не може да се оспори, како што не може да ѝ се одолее.

Нејзината елеганција, т.е. отменоста или префинетоста е сеприсутна. Во комбинација на убавината, и надворешната и внатрешната, не само што е неодолива туку и делува позитивно, кога ја гледаме на телевизискиот екран, во раните утрински часови, но и приватно, кога ја среќаваме на улица, во ресторан, каде било. Несомнено буди поинакво чувство - на пријатност, во сивилото на филистерскиот живот. И добро расположение. Јована Стојменовиќ долго време живее со партнерот, а силната љубов, страста е присутна секаде, вклучително и во работата, нејзината професија. Кога се работи за пријателските и, воопшто, за меѓучовечките односи, не сака изненадувања, но затоа, пак, ужива во ситните нешта, во друштво на духовити луѓе бидејќи не може да го замисли денот без хумор, макар и мала доза смеење.

СИМУЛТАНКА


Според Вас, што е пандан или еквивалент на женската убавина? Машкото срце? Или, можеби, неговиот шарм?

Ј. С.: Иако и науката и природата, а самите господа ќе се согласат дека убавината е она нешто што најмногу ги привлекува мажите кај жените, сепак мислам дека романтичната привлечност кај обата пола не е толку едноставна. Секој од нас има свој поим за естетика и го привлекуваат луѓе, па и нешта што ги дожива како убави, но тоа е оној прв поглед, после кој веднаш треба да има и втор и трет, што значи, убавината несомнено го привлекува првиот поглед, но за да се „освои“ нечие срце во романтична смисла, потребни се многу повеќе атрибути од физичките. Во таа смисла би рекла дека машката убавина е еквивалент на женската и дека комплетно убавите личности со сите атрибути си прилегаат.

А, кои машки атрибути Ви се најпривлечни? Физичките (телесните), умствените? На што не можете да одолеете?

Ј. С.: Мене, а верувам и на повеќето жени, еднакво како и кај господата, првиот поглед ми го привлекува физичкиот изглед. Е сега, стандардите за убавина, иако се општествено диктирани, најчесто од мнозинството, сепак се и индивидуално дефинирани од сопствените погледи и сфаќања, но и некоја биохемија во секого од нас. Тој прв поглед е најчесто оддалеку и за да има и втор прекупотребно е да „кликнете“ со личноста, не само со ликот. Во таа смисла и физичките и умствените аспекти, но и „машкото срце“ што го спомена во првото прашање. Да бидам поконкретна, талентот е нешто што многу ме восхитува, па и привлекува генерално кај луѓето.

Повеќе на Машки магазин