18 Мај, 2024
0.0307

Нерезидентниот амбасадор на Големото Војводство Луксембург за Северна Македонија во работна посега на земјава

Објавено во: Македонија 05 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Амбасадорот на Големото Војводство Луксембург за Македонија, Неговата екселенција Филипе Донкел, од денес до 7 април ќе престојува во работна посета на земјава. 

Во рамки на работната посета на земјата, амбасадорот Донкел ќе оствари средби со претставници на државно политичкиот врв, Претседателот на Републиката, Владата, политичките партии и претставници на меѓународните институции во Северна Македонија.

Во насока на неопходноста од унапредување на односите меѓу Луксембург и Северна Македонија неговата екселенција ќе има средби со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. Средба ќе оствари и со Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Тргнувајќи од неопходноста за создавање повеќе можности за економска соработка амбасадорот Донкел ќе разговара со министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски зони, Јован Деспотовски. Средба ќе оствари и со државниот секретар на МНР, Зоран Попов. Амбасадорот Донкел ќе оствари средба и со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Престојот на амбасадорот Донкел во земјава е по повод и отворањето на почесниот конзулат на Големото Војводство Луксембург во Северна Македонија, за чиј почесен конзул е назначен Петар Арсовски. Официјализирањето на почесниот конзулат,кое што е прво вакво дипломатско претставништво на Луксембург во земјите од Западен Балкан, е уште една потврда за пријателскиот и партнерски однос меѓу двете земји изграден низ повеќе од три децении од воспоставувањето дипломатски односи“, се вели во соопштението.

Се додава дека работата на почесниот конзулат ќе биде во насока на зацврстување на одличните односи и нивно интензивирање во политичката, економската и културната област. Луксембург, како една од земјите основачи на Европската Унија, е меѓу државите кои што силно и континуирано се заложуваат за европската перспектива на нашата земја.

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?