27 Април, 2024
0.0271

NESCAFÉ 3in1 добитник на вредно признание на Филозофскиот факултет во Скопје

Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

– Филозофскиот факултет во Скопје, на свеченоста по повод прославата на 99 години постоење на факултетот, на компанијата Nestlé и врачи посебно признание во знак на благодарност за одржаната кампања NESCAFÉ 3in1 „Start Smart“.Во текот на февруари и март оваа година, Nestlé одвојуваше средства од продажбата на секој NESCAFÉ 3in1 и NESCAFÉ 2in1 производ, кои се искористени за унапредување на условите за учење во библиотеката на факултетот.

Благодарение на NESCAFÉ 3in1 „Start smart” кампањата, купени се маси, столици и компјутери со кои е овозможен пристап до дигатилизираната литература на библиотеката, со цел таа да биде подостапна до корисниците.

Една од главните премиси на компанијата Nestlé е подобрувањето на квалитетот на живот и создавањето успешни заедници да го почне од образованието. Од тие причини, нам ни е големо задоволство да ги поддржиме младите, талентирани луѓе во Македонија, истакна НелиНајденова Загорчева, сениор бренд менаџер на NESCAFÉ, во компанијата Nestlé. „Му благодариме на Филозофскиот факултет во Скопје за ова значајно признание, што за нас е дополнителен поттик и во иднина да продолжиме со слични акции, како во Македонија, така и во регионот. Како меѓународна компанија, имаме одговорност да помогнеме на младите да им се обезбедат адекватно образование и вештини”, додаде таа.

За потсетување, На Филозофскиот факултет во Скопје, во март беше одржана дискусија за односот меѓу дигитализацијата и социјализацијата, NESCAFÉ 3in1Start Smart Talk. Во таа прилика, учесниците заклучија дека општествената одговорност на компаниите е особено важна во однос на образованието и креирањето прилики за младите луѓе.

Компанијата Nestlé, трета година по ред, помогна во опремување и реновирање на образовни институцуу и библиотеки во Македонија, со цел да ги унапреди условите за професионален развој на студентите. Минатата година, од одвоените средства од продажбата на производи на сличен начин беше опремено и мултимедијално катче во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком