Несекојдневен подарок за Св. Валентин: Хит во Калифорнија!
Објавено во: Свет 16 Февруари, 2017
Вљубените двојки во Калифорнија повторно претпочитаа да си подаруваат букети, само што овој пат изборот е прилично неконвенционален и скап.
Од почетокот на годината марихуаната е легализирана во државата и по повод Денот на вљубените многу двојки ја избраа марихуаната како подарок.
Една од големите продавници кои нудат марихуана, веднаш реагираа на интересот и почнаа да нудат стилски букети со ова растение.
Еден од недостатоците на оригиналниот подарок е цената, така што голем букет чини 400 долари.
Во него има диви цвеќиња, еукалиптус гранчиња и околу 30 грама висококвалитетна марихуана за пушење. За неколку часа продавницата има продадено над 500 букети.