Нетанјаху има план кој може да го „запали“ регионот
Објавено во: Свет 11 Септември, 2019
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го анектира делот од окупираниот Западен брег на границата со Јордан, доколку повторно биде избран на функцијата.
Тој прецизираше дека ќе го прошири израелскиот суверенитет над долината на Јордан која сочинува околу 30 отсто од Западниот брег и северниот дел на Мртовото Море ако повторно стане премиер.
Обраќајќи им се на новинарите во Рамат Гану кај Тел Авив тој кажа дека мировниот план на владата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде објавен по изборите во Израел и дека ќе обезбеди „историска можност“ за анексија на Западниот брег и други области.
Парламентарните избори во Израел се одржуваат на 17 септември.