29 Април, 2024
0.3900

НЕУСПЕХ, БОЛЕСТ, ЛОШО ЧУВСТВО: Еве како да ја исфрлите негативната енергија од домот!

Објавено во: Стил 14 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Важен фактор за добар Фенг шуи стамбен или деловен простор е неговата уредност и чистотија. Но, тоа е само дел од сложувалката. Понекогаш, и покрај уредноста и почитувањето на правилата на уредување на просторот чуствуваме дека нешто недостасува. Нашата среќа и успешност не е онаква како би требало да биде, а чувството во просторот не е пријатно.

Уште во прадамнешни времиња древните народи живееле во согласност со природата и околината и биле свесни за енергијата. Тие развивале различни техники на чистање на негативноста, во зависност од делот на светот кој го живееле. Често тоа го правеле шамани или свештеници. Во тие древни времиња чистење на просторот било стандарден дел од применувањето на Фенг шуи на исток.

Постојат методи со кои и сами може да го исчистите својот простор, како неговата енергија би била свежа и поволна.

Кога е потребно чистење на просторот?

Лицата кои го интегрирале Фенг шуи во својот живот, такви чистења прават редовно, еднаш годишно, како би го живнале просторот и поттикнале текот на енергијата. Но постојат и состојби кога чистењето е потребно да се направи без разлика на периодичното чистење.

1. Лошо чувство

-кога чувствуваме дека некако се е забавено во животот, како да нема можност за напредок

-кога се чувствуваме изморено, депримирано или сме често болни, настинати и слично

-кога домашните често се караат без никаква очигледна или длабока причина

-кога некој од домашните се чувствува суицидно или пак несвојствено агресивно

-кога децата се плашат да бидат сами во некоја просторија или не сакаат ни да влезат во некоја куќа

-кога луѓето се забораваат од престој во една просторија или никој не ги посетува без очигледна причина

-кога девата или некој од домашните страда од ноќни кошмари

2. Болест

-понекогаш чистењето на просторот може да му помогне на процесот на лекување

-после прележаната болест треба да се исчисти просторот како би се осигурале дека сета негативна енергија, која ја следи болеста го напуштила домот

3. Преселување

-пред преселување во нов дом треба да го направите чистењето како би се обновила и исфрлила старата енергија, и како би се избегнал Законот на претходникот, т.е повторување на историјата на претходните станари.

4.Продажба/изнајмување

-кога сакате да продадете или изнајмите недвижнина, а нема заинтересирани купувачи или не сакаат да се согласат на вашата цена

5. Лош фенг шуи

-кога живеете во изнајмен дом кој не смеете да го го преуредувате или во свој неповолен дом, а немате можност за преуредување или преселување, често периодично чистење може да го намали неповолниот Фенг шуи, кој се манифестира во вид на различни неповолности и несреќи во животот на станарот, во зависност од видот на неповолноста на домот.

-кога се случува една неволја за друга, без никаква видлива причина, било на бизнис или приватен план

6. Поттикнување на поволната енергија

-кога сакате да го живнете просторот, да го направите удобен и поволен

-кога сакате да привлечете среќа и позитивни настани во својот живот

-кога започнете со нов работен зафат, нова врска, нова година и слично

-кога куќата, станот не бил долго реновиран и кога нивото на енергија е ниско

-кога сакате да привлечете пријатели во својот дом или бизнис партнери во работниот простор

-кога немате време или доволно знаење за применување на редовното јакнење на поволните и слабеење на неповлните сектори на домот секој месец

Во сите овие случаи чистењето на просторот од негативноста значајно би ја подобрило состојбата на подобро. Што не значи дека тоа би требало да биде единствен метод. Во случај на болести и било какви проблеми со децата задолжително се посоветувајте со лакарите.

Како да го исчистите просторот?

Постојат разни методи, а повеќето од нас имаат свои мали ритуали засновани на делот на препораките на експерти, дел на сопствени навики. Овде ви ја пренесуваме точната процедура, опишана од страна на бројни експерти.

Поволен момент

Кога сте се одлучиле за чистење, треба да одберете поволен момент. Освен што ќе се осигурате дека никој нема да ви смета, источни експерти советуваат да изберете поволни климатски услови. Наводно најповолно да се изврши чистењето е веднаш откако престанало да паѓа дожд или снег, бидејќи тогаш и воздухот е најчист и енергијата најповолна. Целосна забрана за чистење е времето кога има невреме, дождови и грмежи со молњи. Исто така се советува да извршите чистење во предпладневните часови или напладне.

Прво чистење

Пред чистење истуширајте се и облечете чиста облека. Може да имате со себе некој заштитен ваш предмет кој инаку го користите за привлекување на среќа. Се подразбира дека претходно извршено обично чистење дека просторот е уреден.

Што се ви е потребно?

-Свеќи кои не содржат парафин, по една во просторија

-Една морска сол, доволно да со неа може да ги попраскате сите врати и сите агли на просториите и посебно запоставени места како остава

Гранче смрека или жалфија, може и сандаловина. Важно е дека не се во прашање само мирисни стапчиња со вештачки мириси, туку вистинска смрека или жалфија. Евентуално може да се послужиме и со природен темјан. Сите овие мирисни средства имаат способност за отстранување на негативната енергија, а ги бираме според тоа што можеме да го набавиме во местото на живеење

-Ѕвонче или тибетанска „певачка чинија“

Постапка на чистење

Почнуваме така што ги отвараме сите прозори и правиме промаја. Додатно можеме да ги уклучиме и вентилаторите, ако ги имаме. Исто така е потребно да исклучите од струја сите уреди во домот и да ги уклучите сите светла. Ова е потребно како би се создал проток во воздухот и енергијата, како надворешниот свеж воздух заедно со сончевата енергија би влегла во домот и ја генерирал позитивната енергија. Да се подготвиме психички и да се насочиме кон целта. Палиме по една свеќа во просторот на влезните врати и во секоја просторија.

Потоа посипуваме линија сол од местото на влезните врати и сите останати врати во домот, и во сите агли и затскриени простории, како остави, шпајз и слично.

Со тапкање со раце го поттикнувате протокот на енергија. Тргнуваме од влезните врати во насока на стрелките на часовникот и плескаме низ целиот простор. Почнуваме со спуштени раце испружени пред себе, а завршуваме со подигнати. Посебно внимание треба да посветите на аглите и затскриените простори. Евентуално, ако сакате да бидете навистина темелни, отворете ги и сите ормари и плескајте со раце внатре во нив.

Тогаш ги палиме гранчињата и тргнуваме во насока на стрелките на часовникот почнувајќи од влезната врата, па по ред сите простории, во кои исто така тргнуваме во круг, во вид на стрелките на часовникот . И така полека кружиме се додека мирисниот дим не го исполни секое катче од просторот. Не заборавајте го и просторот под столиците и другиот мебел, околу ТВ приемникот и компјутерите.

После чистење

После чистење на просторот се советува бањање во вода збогатена со морска сол, како и себе си би се исчистиле од евентуални неповолности кои сте ги примиле во вас во текот на чистењрто на просторот. Додаток на сето наведено може да биде и тоа да уште барем еднаш годишно, во текот на големото пролетно чистење, не е потребно време за чистење на енергијата, треба да исчистите и во кујна и во шојла.

Може да ја растопите морската сол во вода и со крпа да ги пребришете сите кујнски површини, почнувајќи од под, врата, кујнски елементи, ѕидови, па дури и садови. Исто може да го примените и на останатите простории, само избегнувајте површини неотпорни на сол.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти