03 Мај, 2024
0.0250

Неверојатно: Германија има две Ангели Меркел

Објавено во: Стил 14 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел добила нова имењачка, бебе бегалец од Гана. 516182_2015-07-04t114247z-832013734-lr2eb740wj1sg-rtrmadp-3-germany-politics_f Германската новинска агенција „ДПА“ јавува дека бебето Ангела Меркел е родено на 2 февруари и дека во градот Хановер живее со својата мајка и уште 370 азиланти. Тие живеат во поранешна болница која е преуредена во бегалски центар. Офелија Аде, мајката на бебето со име Ангела Меркел, изјавила дека името го избрала бидејќка германската канцеларка е „многу добра жена“. Правилата во Германија за давање на имиња се многу строги и презимињата често не можат да се користат како лични и средни имиња. Портпаролот на градската управа на Хановер, Алексис Демос не можел да ја потврди причината  поради која Ангела Меркел е прифатена како лично име.