13 Мај, 2024
0.0400

НЕВРАБОТЕНИ СТЕ? Eве како да пребродите тешкиот период

Објавено во: Економија, Стил 13 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Ако не можете да најдете работа или во скоро сте добиле отказ, неопходно е да ја прифатите таа ситуација и да се изборите да го пребродите периодот.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа

Бидете оптимисти

Не дозволувајте негативни емоции да ве заробат и да почнете да се затворате во себе. Ако станете полни со негативна енергија, ќе бидете се понервозни и под голем стрес. На тој начин вие ја губите битката уште пред да „згазнете на бојното поле”.

Ниеден работодавец не сака песимисти и нерзвозни луѓе ниту пак личности кои постојао се жалат.  Излегувајте и дружете се, на тој начин запознавате луѓе и контакти кои може ќе ви помогнат да се вработите.

Вие го контролирате вашиот живот

Убедете се себе си дека вие сте господар на вашиот живот.  Размислувањата од типот „Зошто ова мораше мене да ми се случи’’, „Никогаш нема да најдам работа во оваа држава”, „Нема да се вработам ако немам врски”, нема да ви донесат ништо добро во животот, туку само ќе ве натераат да мислите дека немате контрола над вашата иднина.

Огорченоста и лутината нема да ви помогнат да застанете на здрави нозе. Научете во се да наоѓате нешто добро и земете ја контролата на животот во ваши раце.

Бидете активни

Кога веќе знаете дека вие сте тие што треба да преземите нешто за да го подобрите вашиот живот, време е да почните да работите на себе си.

Бидете активни и најдете работи кои ќе ви го исполнуваат секојдневието и слободното време. Најголема грешка е само да ги губите деновите без да правите ништо продуктивно.

Во најмала рака, средете го домот, куќата автомобило. Направете ги работите за кои немавте време додека сте биле на работа.

Додека сте без работа можете и да волонтирате, особено ако немате многу работно искуство .

Усовршувајте се

Размислете кои вештини и знаења што ги поседувате може да ви го олеснат патот до наоѓање работа и усовршувајте ги. Одете на работилници, семинари и предавање и „вооружете се” со знаење. Со тоа ќе станете подобар кандидат за работното место на кое сакате да аплицирате.

Пари

Ако останавте без работа време е да промените некои работи во вашиот живот. Внимавајте на трошоците и штедете. Исфрлете ги непотребните трошоци во секојдневието и трошете пари само за неопходни работи.

Во меѓувреме најдете некоја хонорарна работа или работно место кое не е совршено за вас, но барем ќе ви помогне да сврзете крај со крај. Во меѓувреме секогаш може да барате работа која мислите дека е соодветна за вас.

Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра