03 Мај, 2024
0.0242

Невработеноста на младите трн во око за Евролидерите

Објавено во: Анализа 14 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Големиот број на невработени млади луѓе ги поттикна Европските лидери да одржат состанок во вторникот  за да разговараат за начините како да се справат со овој проблем. Според германскиот канцелар Ангела Меркел во моментов,  ова е најзначајниот проблем на конитинетот. На состанокот во Париз присуствуваа шефови на држави или влади од сите 28 членки на Унијата, оценувајки го  проблемот со невработеноста како “многу силен“. Според последните официјални податоци на Европската комисија нивото на младинската невработеност во ЕУ изнесува 23,5 отсто. Вкупно 7,5 милиони млади на возраст 15-24 години пак ниту работат, ниту се обучуваат. Кризата се чувствува поинаку во различни региони на Унијата. Коефициентот на невработеност кај младата популација задржува стабилни позиции на ниво од 7,7 отсто во најголемата економија во Европа - Германија. Истовремено стапката се зголемува полека до ниво над 50%. Сепак поголеми потешкотии имаат земји како Грција и Шпанија. Меркел  го одреди прашањето со младинската невработеност како "најголемиот проблем пред Европа". Таа предупреди дека континентот се соочува со појавата на една  "изгубена генерација",  повикувајќи на  серија мерки насочени кон реализација на трендот. Земјите од ЕУ се обврзаа да одделат 12 милијарди евра во следните две години. Слични износи ќе инвестира и Европската инвестициска банка и Европскиот социјален фонд. Според претставник на француската влада целта на средбата не е за да се најде повеќе алатки за справување со проблемот, туку да се осигура дека сите средства се на располагање и  да се потврди постоењето на политичка волја. Иако водечките апели за корекција на негативноит тренд  доаѓаат од Берлин, Франција, сепак  други земји тврдат дека оваа регулатива и овозможува на Германија да ангажира милиони работници без социјална заштита, создавајќи нелојална конкуренција во рамките на блокот. Главните напади доаѓаат од отсуството на минимална плата во најмоќната европска економија. K. K.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад