Невработеноста во Чешка порасна на 9,4%, ќе биде уште полошо!
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2013
Драстично зголемување на невработеноста во Чешка за месец декември на 9,4 проценти, наспроти 8,7 проценти во ноември, покажуваат оодатоците на чешкото Министерство за труд и социјална политика.
Според овие податоци, на крајот на 2012 година без работа биле 543.311 луѓе, односно речиси 37.000 невработени повеќе од 2011 година, што значи дека за едно слободно место се заинтересирани 16 лица. Аналитичарите веруваат дека состојбата со невработеноста и понатаму ќе се влошува. „Нашата економија моментално не создава нови работни места и постои опасност невработените да останат долго време без работа со сите социјални и економски проблеми кои со тоа доаѓаат“, тврди аналитичарот Вацлав Франче од „Рајфајзенбанк“.