Невреме и електрични празнења во повеќе градови
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2017
Силни електрични празнења ноќеска имало во Скопје и Тетово, а невреме го зафати Демир Хисар.
Пороен дожд имаше во Скопскиот и Тетовскиот регион синоќа. Засега нема информации за штети.
Дожд и град паѓаше и во Демир Хисар.
И денеска ќе имаме променливо и нестабилно време, а од утре се очекува стабилизација на времето и покачување на температурите. Денеска температурите ќе бидат пониски од вчера.