Невремето ја зафаќа Македонија
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2017
Во овие попладневни часови северозападните предели на државава се зафатени од влажна и нестабилна воздушна маса која се спушта од северозапад и токму во овие предели веќе условува локална појава на пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер а има и локална појава на град, информира метеорологот Славчо Попоски.
Понатаму во попладневните часови особено северните, североисточните и источните предели ќе бидат под влијание на исклучително влажна и нестабилна воздушна маса која ќе предизвика нестабилно облачно време на повеќе места со пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер. Поради судирот на ладен и топол воздух локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и град.
Температурите на воздухот од доцна попладнево и вечерва ќе започнат нагло да опаѓаат.
Локално невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, и силни електрични празнења можно е и во Скопскиот регион.