19 Мај, 2024
0.0266

(ГАЛЕРИЈА) Next Door Park Hotel - Нов хотел во Скопје со урбан и храбар стил

Објавено во: Мои пари 24 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

 На денешната прес конференција Parkland Hospitality Group гордо го претстави својот најнов член - Next Door Park Hotel, кој што со својот карактер и комбинација на милениумски дух и храброст претставува вистинско освежување за Скопје. Next Door Park хотелот со 4 ѕвездички е новиот член на оваа групација и воедно новото поглавје од успешната приказна наречена Parkland Hospitality Group.


На прес конференцијата која се одржа во просториите на новиот хотел се обратија сопствениците и генералниот менаџер на Parkland Hospitality Group и изјавија:


„Би сакал да го искажам моето огромно задоволство и чест што и понатаму нашите идеи, вложувања и инвестиции го поставуваат Скопје рамо до рамо со останатите светски метрополи кои се лидери во хоспиталити индустријата. Ова е инвестиција од нови 6,5 милиони евра со кор што ја потврдуваме и продолжуваме успешно започнатата приказна во оваа индустрија од пред З години” - изјави Енвер Малики, основач на групацијата Гемак, додека Алтин Малики, ко-сопственик во групацијата и главен виновник за успехот на веќе познатиот Park Hotel & Spa зборувајќи повеќе за новиот хотел додаде:

Next Door Park Hotel претставува еден вид канал преку кој ги имплементираме сите наши нови идеи, искуства и потреби коишто едноставно недостасуваат на нашиот град. Next Door Park Hotel е продолжение на визијата, на тој начин нудејќи им на нашите посетители поширок спектар на избор во поглед на карактер и вкусови, сето тоа преку услуга со врвен квалитет и светски стандарди.


Генералниот менаџер на хотелот, Панајотис Колокатис како долгогодишн експерт во областа ја сподели тајната за врвен квалитет и услуга: „Ова е доказ дека не се плашиме да експериментираме, да бараме совети и мислења од нашите клиенти и да се стремиме кон повеќе. Луѓето и гостите не препознаваат, ја препознаваат нашата вредност и она што ни значи е нивната лојалност, доверба и нивното повторно и повторно враќање тука.


Хотелот се наоѓа на самиот кеј на реката Вардар на само еден чекор од сестрата компанија и веќе добро познатиот Park Hotel & Spa. Хотелот располага со 64 соби и има капацитет за 200 посетители. Секој тип на соба е засебна приказна и различен стил овозможувајќи им на гостите избор при нивното барање на сместување. Веќе постоечкиот и добро познат Brick Eat, покрај досегашните улоги на место за забава и дружења отсега па натаму во нова улога и сосема ново руво, во чекор со сите светски трендови во секој поглед, од здрава и фит храна до вкусни медитерански специјалитети кои во комбинација со модерниот ентериер се искуство кое мора да се доживее. Раскошната тераса и амбиентот на самиот кеј, создава пријатни моменти и атмосфера дури и во најтоплите денови.



Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО