Никој не очекува чиста дебата меѓу Трамп и Хилари Клинтон
Објавено во: Свет 25 Септември, 2016
Утре ќе се одржи првата од трите претседателски дебати меѓу милијардерот Доналд Трамп и демократската кандидатка Хилари Клинтон која се очекува да биде голем телевизиски спектакл и шоу за гледачите. Трамп никогаш не бил дел од дебати како Хилари која има огромно политичко искуство, но затоа пак е мајстор на јавниот настап со многу ТВ шоуа низ годините.
Овие избори се посочени како најскандалозни во последно време со кампања која го подели народот на две различни страни и отсега никој не може да го предвиди победникот, па затоа тој што ќе биде поубедлив на ТВ дебатата ќе има поголеми шанси.