06 Мај, 2024
0.0216

Николовска : Земјоделците нема на кого да го продадат родот, Владата треба да изврши интервентен откуп!

Објавено во: Агробизнис 16 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Согласно законот за земјоделство  македонската Влада треба да изврши интервентен откуп на околу 10.000 тони пченица од условно помалите земјоделски производители, изјави денеска  претседателот на Собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ленче Николовска.

Според неа, по цена од 15 денари за килограм, тоа се нешто повеќе од 2 милиони евра, пари кои државата повторно ќе ги врати во јануари кога ќе ја даде пченицата на продажба.

„Земјоделците нема на кого да го продадат родот. И покрај изјавите на министерот за земјоделство дека е постигнат договор со мелничарите за 14- 15 денари откупна цена, пченицата никој не ја купува или на земјоделците им се нуди цена од 8-9 денари за килограм“, рече Николовска.

Проблемот со пласманот, смета таа, е проблем на државата, особено за производство на стратешки култури како пченицата, при тоа додавајќи дека состојбата со откупот на пченицата е драматична. Посочи дека во последниве 7 години има за 20.000 хектари намалување на површините под пченица и 60.000 тони помало производство.

Таа обвини дека она што го прави Владата последните седум години, е, како што рече, гол популизам.

„Овој тренд мора да запре преку долгорочно решение за производство на лебно жито. Основно е да се намали производната цена на пченицата преку поевтина нафта и репроматеријали и добивање на субвенциите на време пред сеидба, како што прават сите влади во земјите од регионот", рече Николовска, додавајќи дека на тој начин нема да има потреба од ризични мерки.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?