Николовски бара интервентен откуп и полесен извоз на оризот
Објавено во: Агробизнис 10 Ноември, 2016
Да се донесе мерка за интервентен откуп и полесен извоз на оризот од страна на Владата.
Ова денеска го побара дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. При посета на кочанско, Николовски рече дека власта не се грижи за земјоделците и нивните проблеми. Тврди дека наместо да ги поттикне и стимулира, власта дополнително ги стопира откупот и извозот.
Николовски вели дека службите земаат мостри под изговор за утврдување остатоци од пестициди и со тоа дополнително ја комплицираaт постапката за издавање фитосанитерен сертификат.
„Ова се случува во време кога ланската реколта се уште не е откупена и стои во амбарите и складовите на производителите, а жетвата на годинашната реколта е во голем замав. Притоа предизвикува директна штета на оризопроизводителите, бидејќи немаaт пари да си ја платат жетвата, ниту имаат каде да ја сместат новата реколта ориз“ - кажа Николовски.
Вели дека од лошите политики трпат производителите на ориз.