02 Мај, 2024
0.0298

Николовски и Шаровиќ потпишаа меморандум за соработка

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Во рамки на дводневната официјална посета на Босна и Херцеговина, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска потпиша Меморандум за соработка во областа на земјоделството со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Шаровиќ.

Потпишувањето на Меморандумот претставува чекор напред во реализација на утврдените активности од заеднички интерес, за чие што успешно остварување во наредниот период треба да работат тимови од двете земји. На билатералната средба, министерите Николовски и Шаровиќ,  се договорија тимовите од двете земји да се формираат што поскоро, за да почнат со конкретни чекори.

Со Меморандумот е предвидено унапредување на трговијата со земјоделски и прехрамбени производи меѓу двете земји, што подразбира создавање на услови за непречена трговија и отстранување на евентуални бариери, олеснување на контактите меѓу заинтересираните фирми за трговска соработка со организирање на поинтензивни средби на Стопанските комори, настап на меѓународни саеми за земјоделство. Воедно, двете земји ќе работат и на организиран настап на трети пазари, како што е пазарот на НР Кина.

На билатералната средба двајцата министри истакнаа дека меѓусебните односи на двете земји во областа на земјоделството имаат голем потенцијал за понатамошно унапредување, како од аспект на унапредување на трговската размена со земјоделско-прехрамбени производи така и во рамки на развојната соработка меѓу надлежните институции во рамки на земјоделскиот сектор.

Министерот Николоски и Министерот Шариќ констатираа дека унапредувањето на трговската размена е главната работа на која треба да се насочат двете земји во наредниот период, а документите за соработка што се потпишуваат денеска носат олеснувања за граѓаните. Министерот Николовски истакна дека Македонија е отворена за соработка и стои на располагање за помош на евроинтеграцискиот процес на Босна и Херцеговина, преку пренесување на македонските искуства.

Инаку, делегација на Република Македонија предводена од Претседателот на Владата Зоран Заев, од вчера се во дводневна официјална посета на  Република Босна и Херцеговина. Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, е придружуван од владина делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Крешник Бектеши, министер за економија, Роберт Алаѓозовски, министер за култура, Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспората. Ова е прва официјална работна посета на Босна и Херцеговина. Во рамки на билатералните средби, владините преставници се обврзаа на активен однос, размена на искуства, институционална поддршка, секаде каде што има услови за тоа.


Можеби ќе ве интересира

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично