22 Јануари, 2018
0.6131
    ALK 7696.96    0.61%     GRNT 830    0.73%     KMB 3138.74    -0.42%     MTUR 4158    -2.16%     OKTA 3200    2.86%     RMDEN16 94.5    0.11%     RZUS 124    9.73%     STB 970    1.04%     STIL 154    1.61%     TETE 2060    3%     TPLF 1798.38    -0.03%

Николовски: Внимателно го следиме откупот на грозјето, откупени се околу 16 милиони килограми

Објавено во: Агробизнис 09 Септември, 2017

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска го посети Кавадарци, најголемиот лозарски град, и заедно со производителите на грозје и на вино да ја одбележи традицоналната манифестација во чест на грозјето и виното „Тиквешки гроздобер“.

Тој вели дека како ресорно Министерство заедно со сите надлежни институции внимателно го следат откупот на грозјето. 

„Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, заклучно со 5-ти овој месец откупени се околу 16 милиони килограми грозје, од кои најголем дел се од сортите „вранец“ и „смедеревка“- изјави министерот.


На лозарите им порача дека грозјето од годинашната реколта ќе биде целосно откупено од винарските визби, а исплатата за откупеното грозје ќе се реализира според законските одредби.

Соопшти дека Државниот инспекторат за земјоделство ги зајакна контролите на откупните пунктови на грозје со цел да нема манипулации со откупните цени.

„Годинава поради лошите временски услови односно поради измрзнувањето на лозјата, се очекуваат намалени количини на произведено и на откупено грозје. Свесни сме за лошата состојба во лозарството и винарството поради климатските промени кои значително влијаат врз родот, но и за битката на винарските визби во освојувањето на пазарите со конкурентни цени и висок квалитет. Како нова Влада, сериозно и посветено како и досега ја следиме состојбата на терен со откупот на грозје и навремено ќе делуваме. Денеска обајвувам дека на првата наредна седница Владата ќе донесе одлука за дополнителни директни плаќања, за произведено и предадено грозје во домашните винарски визби.Висината на субвенцијата ќе биде определена на самата седница на Влада.Со оваа мерка ќе бидат опфатени сите земјоделски стопанства кои што до 15-ти септември пријавуваат површини за лозје и кои произведеното и предадено грозје ќе го дадат во домашните винарски визби“ - вели Николовски. 

Тој објасни дека  во првите 100 дена со измени на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2017 година, ги зголемиле субвенциите за одржување на лозови насади за 10% по хектар и субвенцијата сега изнесува 44.000 денари по хектар. За овие зголемени субвенции лозарите можат да конкурираат до 15-ти септември. 

Можеби ќе ве интересира

Николовски потпиша свечена изјава за поддршка на Европската декларација за развој на производството на соја без ГМО

Николовски потпиша свечена изјава за поддршка на Европската декларација за развој на производството на соја без ГМО

Расте откупната цена на тутунот, се интензивираат инвестициите во тутунската индустрија

Расте откупната цена на тутунот, се интензивираат инвестициите во тутунската индустрија

Дали земјоделците должници ќе можат до државни субвенции?

Дали земјоделците должници ќе можат до државни субвенции?