Нимиц во недела во Скопје ќе се сретне со владини претставници
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2017
Специјалниот претставник на Обединетите нации и посредник во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц во недела и во понеделник, во Скопје ќе се сретне со владини претставници за деценискиот спор за името со јужниот сосед.
Од Скопје, Нимиц ќе отпатува во Атина. Тој неодамна во интервју за грчки весник, изјави дека решавањето на проблемот со името треба да е високо на агендата на новата македонска Влада.
Нимиц учествува во посредувачкиот процес уште од 1994 година. Тој прво беше специјален пратеник на тогашниот американски претседател Бил Клинтон, а потоа од 1999 година беше и Специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите Нации за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција.