17 Мај, 2024
0.0296

НИНА АНГЕЛОВСКА БАРА ШЕСТМИНА РАБОТНИЦИ ЗА ГРУПЕР - на ексминистерката и оди добро во првичниот бизнис

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Поранешнта министерка за финансии, Нина Ангеловска, која се врати на својата прва љубов, компанијата за е-трговија „Групер“, бара шестмина вработени за нејзината фирма.

Огласите се објавени, а Ангеловска нив ги објави и како story преку својот инстаграм профил, за шесте позиции за кои се повикуваат да се пријават млади и амбициозни луѓе. 

„Види ги отворените позиции во најголемиот сајт за е-трговија на пазарот. Работи заедно со млади и мотивирани колеги во пријателска средина, со можност за напредок и секојдневно учење“, стои во огласот.

Позиции за кои се бараат работници се Проект менаџер за Групер шопинг мол, специјалист за продажба, видео едитор, графички дизајнер, референт за финансии и менаџер за социјални медиуми. 

Во огласите е опширно наведено со што би се занимавале новите вработени, какви вештини и квалификации им се потребни и како да го пополнат CV-to, но не се наведени платите кои тие би ги земале во компанијата.

На пример, за првата позиција се вели дека Групер шопинг мол е нов проект што го лансира компанијата, во кој постои голем потенцијал за брз раст.

Штом се бараат нови шестмина вработени, значи дека овој првичен бизнис на кој сега пак му се врати екс министерката за финансии, е во добра кондиција, или едноставно, неа и оди добро на оваа позиција. 

Покрај ова, Нина Ангеловска кон крајот на минатата година, на предлог на Владата, беше избрана и за член на Одборот на директори на Македонски телеком. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА