26 Април, 2024
0.0323

Ништо од белгискиот, Жерар Депардје си зема руски пасош

Објавено во: Стил 03 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Жерар Депардје доби руско државјанство. Претседателот Владимир Путин денеска го потпиша указ со кој на францускиот актер му се доделува ова државјанство.

Депардје минатиот месец се закани дека ќе се откаже од своето францускко државјанство во знак на протест поради предлогот за зголемување на данокот на богатите и одлучи да се исели од Франција.

Инаку Путин на неговата годишна прес-конференција во текот на декември рече дека е подготвен да му понуди на бизнисменот и пријателот Депардје, руски пасош.

Актерот претходно спомнуваше селење во Белгија и барање за белгиско државјанство поради зналително пониските даноци во соседство.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти