07 Мај, 2024
0.0237

НИШТО ОД МИРОТ: Нови судири и жртви во Кашмир

Објавено во: Свет 02 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Нови судири има во областа Кашмир, при што во погранично гранатирање се убиени четворица. 

Индиските и пакистанските војници повторно бомбардираа позиции и села по должината на нестабилната граница во Кашмир, при што загинаа најмалку четворица цивили, а четворица се повредени.

Жена со две деца загинала во пакистанското гранатирање на едно село во Индија.

Пакистан тврди дека индиските војници „неселективно ги гаѓале граничните села“ со тешко оружје и убиле едно момче.

Властите на двете земји за најновите конфликти го користат стариот речник, велејќи дека нивните војници „соодветно“ одговориле и обвинувајќи ја другата страна за „неиспровоцирано“ кршење на договорот за прекин на огнот од 2003 година на неколку места по должината на границата во Кашмир, со напад на воени позиции, како и на села.

Во меѓувреме пакистанскиот владин претставник Умар Азам денеска изјави дека индијските трупи со тешка артилерија неселективно напаѓале погранични села, при што било убиено момче и тројца биле повредени.

Тензиите се зголемуваат постојано откако индиски авиони во вторникот влегоа во Пакистан и извршија, според Њу Делхи, превентивни напади врз екстремистите обвинети за самоубиствениот напад на 14 февруари во индискиот дел на Кашмир, при што загинаа 40 индиски војници.

Од Индија тврдат дека Пакистан ги поддржува таквите групи во нападите.

Пакистан возврати, во средата собори индиски Миг-21 и го зароби пилотот, кој вчера ѝ беше вратен на Индија како мировен гест.

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта