02 Мај, 2024
0.0253

НЛБ Банка ја проширува кредитната понуда со два нови кредитни продукти за правни лица наменети за стимулација на инвестициите

Објавено во: Мои пари 15 Август, 2019

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка АД Скопје воведe две нови кредитни линии за клиенти-правни лица за реализација на долгорочни инвестициони проекти. Понудата е креирана како резултат на следење на трендовите и случувањата на пазарите во земјата и странство и прилагодување кон потребите на нашите клиенти со цел константна поддршка на нивниот раст и развој.

Една од кредитните линии е наменета за клиенти инвеститори во фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Покрај долгорочниот кредит кој е дел од оваа кредитна линија, а со цел сеопфатно задоволување на потребите на клиентите, креиран е посебен пакет продукти кој се состои од: денарски гаранции потребни за секој од инвеститорите, „оverdraft“ и бизнис картички како резервна опција за повремен дотур на обртен капитал. Понудата претставува директна поддршка на компаниите кои сакаат да аплицираат на јавниот повик на Министерство за економија за доделување на право за користење премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали.

Другата кредитна линија се однесува на дополнување и проширување на кредитната понуда на Банката за долгорочни кредити наменети за проширување и модернизација на постојното производство како и поддршка на нови развојни проекти на компаниите од сите дејности. Така оваа кредитна линија на компаниите им овозможува користење на кредити со долг рок на отплата - до 10 години и со фиксна каматна стапка за целиот период. Кредитната линија нуди и обезбедува фиксни трошоци и стабилно планирање на идните парични текови и претставува еден вид на осигурување на идните финансиски трошоци.

„Креиравме две нови кредитни линии во насока на поддршка на правните лица кои планираат да инвестираат во својата дејност на работење, како и инвестиции за производство на енергија од обновливи извори. Кредитната линија која е наменета за изградба на фотоволтаични централи има за цел да ги поттикне компаниите да аплицираат на јавниот повик и да ги искористат понудените поволности од државата, со користење на повластените услови коишто ги нуди нашата Банка. Предностите од користењето на обновливата енергија се многубројни, но пред сè, се однесуваат на заштитата на животната средина, како и долгорочно намалување на трошоци за производство на електрична енергија.

Нашите нови кредитни линии имаат за цел да ги стимулираат инвестициите воопшто, да ја зголемат инвестициската моќ на правните лица преку давање на директна финансиска поддршка за реализација на своите инвестициски проекти.“ изјавија од Банката.

Повеќе информации за новите кредитни линии може да се добијат на следните два линка: https://bit.ly/2N1TtFb иhttps://bit.ly/2KJhcHz.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година