Northvolt ја гради најголемата европска фабрика за батерии на е-автомобили
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2017
Иновативната компанија Northvolt објави дека ја избрала матична Шведска за локација на која ќе ја гради најголемата фабрика за батерии за електрични автомобили во Европа.
Од шведската старт ап компанија порачаа дека го избрале градот Skellefte сместен во предградието на индустрискиот североисток на Шведска, каде ќе се изградат погони во кои ќе се вработат 2500 луѓе.
Во близина се и главните шведски наоѓалишта на никел, кобалт, литиум и графит.
Пратечкиот истражувачки центар со 300 до 400 вработени ќе биде сместен во градот Вастерас, 150 километри западно од Стоклхолм, првото седиште на шведско-швајцарскиот АББ кој е партнер на Northvolt во овој проект.
„Европа забрзано чекори кон електрификација. Шведска располага со чиста и ценовно достапна енергија, лесно достапни сировини и силна индустриска традиција длабоко запишани во гените па е во единствена полжба да воспостави масовно производство на батерии кои ќе ја поттикнат оваа транзиција“, рекол Питер Карлсон, основач и извршен директор на Northvolt .
Шведскиот економски министер Микаел Дамберг рекол дека „тоа е голем ден, не само за двата избрани градови, туку и за Шведска, и за Европа“.
Изградбата на фабриката би требало да започне во втората половина следната година а се очекува прогресивно да се зголемува производството помеѓу 2020 и 2023 година.
Откако целосно ќе стане оперативна, во таа фабрика ќе произведуваат литиум-јонски батерии од вкупно 32 гигават часови.