26 Април, 2024
0.0280

Нов играч влегува во битката за „Twitter“

Акциите на микроблог платформата денеска забележаа раст по веста за заинтересираност на уште една компанија за нејзино купување

Објавено во: Мои пари 26 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

„Walt Disney Co.“ работи со финансиски советник за да се оцени евентуално поднесување на понуда за стекнување на микроблог платформата „Twitter Inc.“, соопшти Блумберг, повикувајќи се на свои извори.

„Twitter“ неодмна започна процес за проценка за евентуална продажба. „Salesforce.com Inc.“ исто така, размислува за понуда, оркако работи со „Bank of America“ по прашањето, тврдат други извори кои посакале анонимност поради приватниот карактер на преговорите.

Претставници на „Twitter“ и „Disney“ не одговориле навремено на барањата за коментар.

Гласините дека „Twitter“ ќе биде продадена, се засилија во последните месеци, вклучувајќи ја веста од минатата недела за пројавен интерес од страна на „Salesforce“, предвид падот на цената на акциите на компанијата и тешкотиите при привлекувањето на нови корисници и рекламни приходи.

Ако одлучи да упати понуда, „Disney“ би можела да и помогне на компанијата да развие стратегија за стриминг на видео. Главниот извршен директор на „Twitter“, Џек Дорси е член и на Управниот одбор на „Disney“.

Акциите на „Twitter“ го свртија трендот при веста за интерес од страна на „Disney“, откако поскапеа за 2% до 22,83 долари за една во 14 часот по локално време во Њујорк. Акциите скокнаа за 21% во петокот по извештаите за преговори со „Salesforce“. 


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“