18 Мај, 2024
0.2227

НОВ ИЗБОРЕН ТРИК ИЛИ РЕАЛНО ВЕТУВАЊЕ: Машини за перење и сушење алишта за студентските домови

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Машини  за перење и за сушење алишта ќе добијат студентските домови во Скопје, најавува заменик-министерот за образование Спиро Ристовски на фејсбук.

„Унапредувањето на студентскиот стандард е еден од нашите врвни приоритети. Тоа го потврдивме со бројни досега реализирани и тековни проекти, системски мерки и активности кои значат олеснување на студентскиот живот и делување“, пишува заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Во оваа насока, особено сме посветени на квалитетот и условите за студентското сместување. Актуелната Влада е единствената која има направено сериозни инвестиции во изградба на нови и во реконструкција и опремување на постојните студентски домови. Досега се вложени 5 милиони евра. Една од низата активности кои се дел од нашиот инвестициски план во следниот период е и набавката на перални и сушални, за што сакам да информирам дека тендерот за набавка е веќе објавен на системот за јавни набавки. Ќе бидат набавени вкупно 50 професионални машини за перење и 50 професионални машини за сушење со капацитет до 10 килограми, кои ќе работат на систем на жетони“, додава Ристовски.
До сега, студентите сместени во студенстките домови во главниот град алиштата ги переа самок ога си одеа дома, или ако останеа подолго во Скопје, ги праќаа по автобуси и ги дочекуваа испрани. Некои се переа кај роднини или пријатели во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање