Нов конкурс за стипендии на професионални специјализации во областа на информатичките технологии на Институтот Хајделберг
Објавено во: Македонија 24 Март, 2022
Деканската Управа на Приватнaта научнa установа „Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ“ на седницата одржана на 21.03.2022 година донесе одлука за исплата на дополнителни стипендии, покрај ваучерите до 500 евра, во износ до 700 евра (во денарска противвредност).
Оттука, со оглед на актуелните состојби во глобални рамки и во земјата, кризата со коронавирусот и економските промени, ќе се исплатат на сметките во филијалата во Скопје, а во име на идните слушатели, следните износи на стипендии, и тоа:
- 15 стипендии за програмата „Full-Stack Web Development“ ќе се исплатат на 15 кандидати, млади лица до 35 години, за секој поединечно во износ од 43.000 денари, а согласно правилникот на избор;
- 10 стипендии за програмата „Graphic Design“ ќе се исплатат на 10 кандидати, млади лица до 35 години, за секој поединечно во износ од 43.000 денари, а согласно правилникот на избор;
- 15 стипендии за програмата „Digital Marketing“ ќе се исплатат на 15 кандидати, млади лица до 35 години, за секој поединечно во износ од 30.850 денари, а согласно правилникот на избор;
- 15 стипендии за програмата „Business Intelligence & Big Data“ ќе се исплатат на 15 кандидати, млади лица до 35 години, за секој поединечно во износ од 9.255 денари, а согласно правилникот на избор;
- 12 стипендии за програмата „Project Management“ ќе се исплатат на 12 кандидати, млади лица до 35 години, за секој поединечно во износ од 9.255 денари, а согласно правилникот на избор.
Целиот конкурс овде.