НОВ МАНДАТ ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ: Наталија Алексова останува во Управниот одбор на ТТК банка
Објавено во: Финансии 11 Март, 2024
Наталија Алексова уште 4 години ќе биде членка на Управниот одбор на ТТК банка, а за тоа добила решение за согласност од гувернерката.
Банката за ова ја извести инвеститорсаката јавност преку Македонската берза.
„Ве известуваме дека со Решение на Гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија бр.15-57/7 од 11.03.2024 година, издадена е претходна согласност за повторно именување (реизбор) на г-ѓа Наталија Алексова за член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, со нов мандат од 4 (четири) години сметано од 26 март 2024 година“, се вели во објавата на Берзата.