02 Мај, 2024
0.0254

НОВ СИЛЕН ИГРАЧ ВО НАЈАВА - Големи прегрупирања на банкарската сцена

Објавено во: Финансии 12 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Окрупнувањето во банкарскиот сектор, кое монетарните власти, но и меѓународните финанскиски институции го бараа долги години наназад, конечно станува реалност во земјава. Во моментов во земјава функционираат 15 банки, што според познавачите, е преголем број за македонскиот пазар.

Минатата недела беше објавена веста за големо банкарско обединување – меѓу Шпаркасе и Охридска банка, откако австриските газди на Шпаркасе ја купија Охридска банка. Официјалното спојување на двете банки ќе се случи во вториот квартал на 2021 година, а дотогаш ќе функционираат двете банки, со тоа што Охридска веќе го носи брендот на Шпаркасе.

Што ова ќе донесе и како новата банка ќе се позиционира на банкарската сцена. Несомнено дека ќе значи голема промена во силината на „играчите“, бидејќи таа тогаш ќе стане четврта најголема банка во земјава.

Фактор, користејќи ги последните објавени податоци на Народна банка на Македонија, направи анализа за моќта на банкарските брендови, според големината на нивната актива. Работите стојат вака – на крајот на првото полугодие во земјава функционираат пет големи банки, чија актива е потешка од 565,85 милиони евра, потоа седум средни банки, со актива меѓу 140,65 милиони и 565,85 милиони евра, како и три мали банки, чија актива е пониска од 140,65 милиони евра.

Најголема банка во земјава сега е Комерцијална банка, говорат податоците на централната банка. Овој македонски банкарски џин тежи 1,86 милијарди евра, со што е на првата позиција. Во врат и дише Стопанска банка Скопје, која со актива од 1,53 милијарди евра е на втората позиција. Традиционално, пак, третото место е резервирано за НЛБ банка, чија актива изнесува 1,35 милијарди евра. На четврто место, според бројките на НБМ сега е Халк банка - нејзината актива е 834 милиони евра. Петта, пак, е Охридска банка, со актива вредна над 672 милиони евра. Оваа банка се досега беше во сопственост на француската групација Сосиете женерал.

Шестата позиција, со која почнуваат средните банки, ја држи Прокредит банка, со актива од 468 милиони евра. На седмо место во моментов се наоѓа Шпаркасе банка, чија актива тежи 371 милиони евра.

Овие бројки значат дека доколку се спојат двете активи на Охридска и Шпаркасе банка, новата банка би имала актива која ќе надмине една милијарда евра, или конкретно, ќе тежи 1,043 милијарди евра. Со тоа, таа ќе избие на четвртата позиција според големината, и ќе држи 14 отсто од банкарскиот пазар.

Од Народна банка на Македонија велат дека радува што ваков значаен бренд како Штаермеркише ја засилува својата инвестиција во земјава, особено во време кога голем дел од банките го напуштаат регионот. Тоа треба да ја зајакне стабилноста на нашиот банкарски систем.

„Радува и е особено значајно што во услови кога дел од големите банкарски групи го напуштаат регионот, една од групите од таков формат пројави сериозен интерес за натамошно поголемо инвестирање во нашиот банкарски систем, што се очекува дека ќе влијае на натамошно зајакнување на системот и на неговата стабилност, како и на обезбедувањето уште поголема кредитна поддршка и за корпоративниот сектор, и за населението, а преку тоа и поддршка на економскиот раст во нашата земја“, велат за Фактор од централната банка.

Во изминатиот период, додаваат, во повеќе наврати го соопштиле нивниот позитивен став за потребата од окрупнување на нашиот банкарски систем.

„Тоа би значело и ефективно натамошно зголемување на конкуренцијата, кое очекуваме дека би довело до подобри услови за корпоративниот сектор и за населението како корисници на банкарските услуги и производи, како и до проширување на лепезата производи што ги нудат банките, а под конкурентни услови“, потенцираат од Народна банка на Македонија.

Инаку, купувањето на Охридска банка од Шпаркасе, беше најавен како еден од најзначајните настани во историјата на банкарството. „Со стекнување на 91,57 отсто од акциите, Штаермеркише Шпаркасе стана не само најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија, туку и четврта најголема банкарска групација во Северна Македонија, со пазарно учество од околу 14 отсто. Двете банки, Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија, сега ќе опслужуваат повеќе од 132.000 клиенти во земјата“, велат од Штаермеркише.

А пред околу месец и половина гигантот Комерцијална банка објави дека ја разгледува можноста да ја купи банката на познатиот скопски бизнисмен, Трифун Костовски, Еуростандард банка, која влегува во групата на средни банки. Сепак, од Комерцијална банка тогаш рекоа дека ова не мора да значи дека зделката со сигурност ќе се реализира. Засега нема новини на повидок, откако беше обелоденета оваа намера, а она што е јасно е дека во случај на постигнување согласност помеѓу двете банки, ќе биде потребно да се побара согласност од страна на Народната банка.

Кои се другите банкарски играчи на пазарот?

Осмата позиција е резервирана за УНИ банка, со актива од околу 343 милиони евра. По неа, на деветтото место, е Стопанска банка Битола, чија актива е околу 194 милиони евра. Со актива, пак, од 187 милиони евра, Еуростандард банка е на десеттата позиција. А единаесетта е Развојната банка на Република Северна Македонија, чија актива тежи 159 милиони евра. Веднаш зад неа, со актива од 154 милиони евра, е ЦКБ банката.

И потоа следуваат трите мали банки, и тоа на тринаесеттата позиција е ТТК банка, со актива од близу 134 милиони евра. Четиринаесетта, пак, е  Силк Роуд банката, чии капитал тежи близу 110 милиони евра, а на петнаесеттата позиција се наоѓа Капитал банка, со актива од околу 41 милиони евра.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот