Нов смртен случај одекна од затворот во Идризово
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2017
Уште еден смртен случај го потресе затворот во Идризово.
Ноќеска таму починала 45-годишна затвореничка од Струмица.
Случајот за поратлот сакамдакажам.мк го потврдил директорот на затворот Живко Пејковски.
Како што пренесуваат и другите медиуми веднаш откако и се слошило на сега починатата била викната брза помош, но кога дошле лекарите веднаш констатирале смрт.
Во затворот нема дежурен лекар а ова е шести случај за шест месеци во оваа затворска установа.
Починатата жена била осудена на осумгодишна затворска казна за посредување во проституција на малолетни лица, а постојано се жалела на разни здравствени проблеми.
А постојани се и предупредувањата од народниот правобранител дека условите во затворот се нехумани и катастрофални.