26 Април, 2024
0.0323

Нов удар од буџетските кратења во Грција- маларија!

Објавено во: Балкан 24 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Како да немаше доволно други проблеми - затекната  од  големата економска криза Грција е под нова закана-враќањето на маларијата, која беше официјално прогласената за уништена во 1974 година. Научниците веќе го вклучија алармот и ја повикаа во петокот владата во Атина итно да одобри средства за уништување на комарците како пренесители на ова заболување, но и средства за следењето на заразените луѓе.  Избувнувањето на маларијата во јужните грчки региони Таконија и Источна Атика е алармантна, пренесува ДПА. Грчкиот здравствен систем страда поради должничката криза и има драстични намалувања на трошоците. Експертите стравуваат дека сиромашните, бездомниците и невработените луѓе не ја добиваат потребната здравствена заштита. Од маларија, која предизвикува висока температура и треска, умираат секоја година милиони луѓе ширум светот. Во Европа може да ја пренесат патниците од Африка и Азија. Но сега, според грчките власти,станува збор за развивање на нови видови комарци. Така  22-ца од регистрираните  75 нови случаи на маларија во Грција оваа година, која инаку годишно ја посетуваат 16 милиони туристи, се  припишуваат на локалните комарци. Организацијата „Лекари без граници“ повика на борба против болеста. Се разбира, мора да се следи ситуацијата и да се инвестира во контролирање на популацијата на комарци, вели Апосотолос Веизис од медицинска асоцијација според кого е срамно земјата да нема програма за борба против болеста. „Дури и во најсиромашните африкански земји има национален план. Тоа е најмалку што може да се очекува од земја-членка на ЕУ“, вели Веизис. Грчката секција на „Лекари без граници“ во меѓувреме ги префрли своите активности од Субсахарска Африка во јужниот дел на својата земја.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице