НОВ УДАР ЗА КИНА: Што и подготви сега Трамп?
Објавено во: Свет 16 Септември, 2018
Американскиот претседател Доналд Трамп планира најдоцна до утре да објави воведување на нови царини за увоз на кинески производи, тврди весникот „Волстрит Џурнал“.
Весникот, повикувајќи се на „добро информирани извори“, наведува дека станува збор за царини во висина од околу 10 проценти.
Најавата за нови царини за кинеските стоки, доаѓаат откако Белата куќа ја покани Кина на преговори за спорот околу царините. Спорот започна со одлуката на САД да воведат царини за увоз на некои кинески производи, на што Кина одговори со воведување царини за американски стоки.
Целта на американската Администрација со воведувањето на царините беше да се придонесе за намалување на трговскиот дефицит на САД со Кина, кој изнесува 375 милијарди долари.