26 Април, 2024
0.0283

Нова донација на ОКТА за отворање Дневен центар за деца заболени од церебрална парализа

Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Во рамките на ООУ 11-ти Октомври наскоро ќе почне да работи Дневен центар наменет за деца заболени од церебрална парализа во кој ќе биде обезбедено згрижување за 40тина деца на различна возраст од целата држава. Објектот, кој се очекува да биде завршен до крајот на август, ќе содржи 11 простории, меѓу кои занимални, посебни простории за физикална терапија, за дефектолог, логопед, психолог, пристапна рампа, кујна, конференциска сала и друго. Со него децата заболени од церебрална парализа ќе ја добијат потребната помош за полесно справување со болеста, а истиот ќе претставува и поддршка за нивните семејства кои ќе имаат можност на дневна основа своите деца да ги препуштат на стручни лица.

„Со помошта што компанијата ОКТА ја дава за реконструкција на овој дневен центар се надеваме дека ќе се обезбеди ново место за згрижување на децата со церебрална парализа, кое ќе нуди соодветна нега и терапија, како и секојдневна поддршка за нивните родители.  Постојат многу групи граѓани кои што имаат потреба од помош за полесно да справат со секојдневните предизвици, но имајќи ја во предвид бројноста на децата со церебрална парализа, како и отсуството на соодветен центар, сметавме дека во моментов имаат приоритет за добивање на нашата поддршка и целосно внимание“, изјави Јанис Геруланос, Генерален извршен директор на ОКТА АД Скопје. Тој додаде дека се надева дека нивниот чекор ќе поттикне и други компании да ќе се вклучат во реализација на овој проект.  

Дневниот центар ќе биде привремено решение додека трае изградбата на дедицираниот објект во населба Капиштец по чие завршување тука ќе се премести и Дневниот центар. Објектот во ООУ 11-ти Октомври кој ќе се користи две години, потоа ќе биде пренаменет за детска градинка со што во овој реон ќе се зголеми и капацитетот за сместување деца од предучилишна возраст.

На настанот присуствуваа и Мила Царовска, министер за труд и социјална политика, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски како и претставници на Здружението на родители на деца со церебрална парализа.

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV