29 Април, 2024
0.0247

Нова функција на „iPhone“ – „Force Touch“

Објавено во: Стил 30 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Доставувачите на Apple започнаа со производство на нови модели на „iPhone“, кои ја вклучуваат функцијата наречена „Force Touch“.

Таа го чувствува силниот притисокот на корисникот на екранот. Новите телефони се со големина 4,7 и 5,4 инчи, слични на сегашните „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“. Покрај тоа, тие ќе имаат сличен надворешен дизајн.

„Force Touch“ беше претставена како дел од „Apple Watch“ и од најновиот модел „MacBook“.

Сега „Apple“ ја вклучува функцијата и во „iPhone“.

„Force Touch“ е последниот потег на „Apple“ во битката со конкурентите како „Samsung Electronics“, која минатата година го пушти својот нов паметен телефон од серијата „Galaxy“, кој е со закривен екран.

Добавувачите како „Foxconn Technology Group“ исто така се потпираат на „iPhone“, за да генерираат раст по одложувањето на продажбата на персонални компјутери. Минатата година „Apple“ придонесе за 50,3% од продажбата на „Hon Hai Precision Industry“, најголемиот претставник на групата „Foxconn“.

Пуштањето на „iPhone“ со поголем екран беше одговор на сличните предлози на „Samsung“ и „HTC“ кои имаат за цел да ја задоволат растечката побарувачка на телефони со големи екрани во Кина и другите азиски земји. Продажбата на единицата за „iPhone“ ја зголемија за 40% во текот на кварталот, кој заврши во март, достигнувајќи 61,2 милиони производи. Тие ги надмина очекувањата за 58 милиони производи.