07 Мај, 2024
0.0221

НОВА ГОДИНА: Еве кој сѐ ќе настапи во Скопје за дочекот на 2016-та

Објавено во: Стил 25 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

За дочекот на Новата година, скопјани ќе можат да се забавуваат на повеќе музички настапи. Оваа новогодишна ноќ на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе настапат Оливер Драгојевиќ и Тамара Тодевска.

Ова го најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кој изрази и благодарност до спонзорите на музичката програма Македонски телеком, Пивара Скопје и Сити Мол.

Во Општина Центар пак, организираат дводневна новогодишна програма. Планирано е за дочекот на 2016-та жителите да ги забавуваат Дубиоза Колектив и Кирил Џајковски.

Во рамките на манифестацијата 30 ти декември ќе настапат и Суперхикс, The Sound messengers, и Day off .