07 Мај, 2024
0.0227

Нова година: не е невозможно, но просечниот Македонец тешко ќе стаса на овие дестинации!

Објавено во: Анализа 11 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Три ноќи во Париз за 440 евра   Најефтината посета на Париз за време на новогодишните празници чини околу 440 евра за три ноќи. Но, во во оваа цена за посета на француската престолнина не се вклучени аеродромските такси во износ од околу 160 евра. „За посета на Лувр влезницата чини 25 евра, а за посета на  Версај 55 евра. Оние што сакаат да го гледаат  Париз од  Ајфелова кула –ќе треба да платат  влезница од  14 евра, а оние кои сакаат да крстарат по Сена е терба да одвојат 13 евра. Влезницата за посета на Мулен Руж со претстава чини 110 авра, но се добива и шампањ. Посетата на Дизниленд е 90 евра чини за возрасните и 70 евра за децата. Најефтината новодишна вечера без пијалок во париз чини 30 евра.“ Седум ноќи во Дубаи за 770 евра   За седум ноќи во Дубаи, поминати во првите денови од следната година ќе треба да одвоите повеќе од 770 евра. Толку чини авионскиот билет, сместување во хотел со три звезди и појадок. Тоа е најевтината варијанта што ја нудат туристичките агенции во Македонија за посета на оваа позната светска туристичка дестинација. „Сепак, оние кои ќе решат да одат во Дубаи треба да имаат во предвид дека треба да одвојат дополнително пари за аеродромските такси кои чинат 50 евра и при тоа овој износ е променлив. За деца помали од 2 год ини аеродромските такси не се плаќаат. Но, исто така треба да се платат и дополнителни 80 евра за туристичка виза, а во најголем дел од понудите стои и дека Новогодишна вечера во хотелите е задолжителна и изнесува околу 50 евра. Шест ноќи во Пекинг за 900 евра За шест ноќи во Пекинг, во хотел со три звездички, најефтината понуда од македонските труристички агенции изнсува околу  900 евра. Во оваа сума е вклучен појадок во хотелот. „Но, дополнително во аранжманот не е се вклучени трошоците за аеродромски такси  што изнесуваат  379 евра и при тоа цените се променливи. Потребен е задолжителен бакшиш на водичите и возачите, како и влезници за вклучените посети,  патничко осигурување, како и трошоци за вадење Кинеска виза што изнесуваат околу 50 евра“ Седум ноќи во Индија за 1 200 евра Оние кои пак сакаат да ја посетат Индија – агенциите им нудат опција која ќе ги чини околу 1 200 евра за 7 полупансиони. Но, дополнително треба да плати визата која за Индија чини 70 €,како и  аеродромски такси  од околу –280 евра при што износите на ањеродромските такси се променливи и дополнителни аеродромски ( Влезни / Излезни ) такси кои мора да се платат на лице место. Освен Делхи, главниот град на Индија, во оваа понуда се вклучени и посета градот Агра каде се наоѓа едно од седумте нови модерни чуда на архитектурата и е познат како скапоцениот камен во круната на светската Исламска архитектура. Девет ноќи на Сејшели за 1 800 евра За девет ноќи поминати на Сејшелите, во џебот ви се потребни најмалку 1 800 евра и уште 260 евра за аеродромски такси. За овие пари на овој рајски архипелаг, сместен на  западниот брег на африканскиот континент  се добива авионски билет, сместување во хотел со три звезди и доручек.  Доплнителни пари се потребни засе останато што ќе посакате да правите на Сејшелите каде тропската клима со температури помеѓу 24 и 32 степени, е константна во текот на целата година. Девет ноќи во Шри Ланка за 2000 евра Како атрактивна дестинација во понудата на македонските туристички агенции е Шри Ланка. За да да поминете 9 ноќи во Шри Ланка со посета на повеќе историски места и локации со поглед на Индискиот океан потребни се околу  2000 евра. Тоа е цената што се нуди од туристичките агенции во земјава.  Во неа се вклучени и свечена новогодишна вечера, но и посета на повеќе градови.  Според понудените програми секој ден е организиран на различен начин. „ Па така оние кои можеби ќе ја изберат оваа опција за новогодишните празници ќе имаат можност еден ден да одат во псоета на Центар за згрижување на слонови,  каде се води чуваат слоновите кои биле напуштени и пронајдени во џунглите. Но и можност два часа да пешачите за да стигнете до   Сигирија, тешко прооден карпест терен на кој што кралот Касапа во петтиот век ја изградил својата престолнина и кој од 1892 година е ставен под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство. А од таму на висина од 180 метри ќе имате неверојатен поглед на околните џунгли, оризови полиња, езера и планини. И тоа е само еден ден, секој останат ден е замислен со посета на различни локации. “ Малдиви седум ноќи повеќе од 2 300 евра За седум ноќи на Малдиви за време на новогодишните празници, аранжманите изнесуваат околу 2300 евра. Во оваа сума е вкулен авионски билет, сместување во хотел со пјадок и вечера, но дополнително треба да се платат аеродромски такси од 320 евра.  Просечната температура на воздухот е од 27-32 степени, додека температурата на водата е секогаш околу 25 степени. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад