18 Мај, 2024
0.0324

Нова поволност за клиентите на Триглав каско осигурување – бесплатно електрично заменско возило

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Триглав Осигурување, во соработка со Avant Car, воведе нова поволност за клиентите на каско осигурување – бесплатно користење на електрично заменско возило во период од 48 часа, додека нивното возило е на сервис.

Триглав Осигурување започна соработка со Avant Car Macedonia, меѓународно етаблиран бренд за мобилност по светски стандарди, со цел да обезбеди уште една корисна придобивка за своите клиенти, бесплатно користење на електрично заменско возило, што ќе придонесе да функционираат непречено и во вонредни услови, кога своето возило треба да го остават на сервис.

Детали за промоцијата. Поволноста можат да ја користат сите клиенти, кои ќе склучат, или ќе го обноват своето Триглав каско осигурување во промотивниот период од 05/05/2022 – 30/09/2022 година. Заменското електрично возило клиентите ќе можат да го користат по пријава на штета по каско осигурување, бесплатно во времетраење од 48 часа, а возилото ќе им биде доставено од страна на Avant Car во сервис на територија на град Скопје, со кој што Триглав има договор за соработка и каде што ќе биде задржано нивното возило на поправка. Клиентот, пред да го остави возилото на сервис, единствено треба да го контактира Центарот за грижа за клиенти на Триглав на бројот 0800 02222, кој што потоа ја презема организацијата на достава на заменското електрично возило за клиентот.

Доколку навистина сакаме да обезбедиме исклучително корисничко искуство, што е наша стратешка амбиција, мораме да пружиме врвна услуга, квалитетен производ и унифицирано искуство на нашите клиенти со компанијата. Сакаме да бидеме нивен партнер, кој им помага тогаш кога им е тоа потребно, финансиски, но и со услуги, кои ќе им понудат решение и олеснување во дадениот момент, и ќе им помогнат да ги пребродат сите предизвици. Токму таква услуга е бесплатното користење на електрично заменско возило, кое што го обезбедуваме за нашите каско клиенти, со цел да им помогнеме животот да продолжи да им се одвива непречено, без оглед на околностите. Одбравме тоа да го правиме совесно, користејќи единствено електрични возила, бидејќи одржливоста во работењето и високата еколошка свест и одговорност кон средината во која што работиме и живееме се уште една стратешка амбиција, која што ни е исклучително важна. Целта ни беше да понудиме квалитетна поддршка за нашите клиенти, имајќи ја притоа предвид заштитата на нашата средина и убеден сум дека успеавме во тоа”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Oсигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Повеќе детали за промоцијата можат да се најдат на овој линк..

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување