НОВА ПРОВОКАЦИЈА: Полски професор за БГНЕС тврди дека Илиденското востание не го раководеле Македонци, туку Бугари
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2023
Професорот Јарослав Рубаха од Универзитетот Вармија и Мазури во Олштин, Полска вели дека во полската историографија е прифатено дека Илинденското востание во 1903 година било раководено само од Бугари, а не од Македонци.
Професорот Рубаха во интервју за БГНЕС вели дека ги истражувал реакциите по востанието на македонските Бугари во тогашниот полски печат.
„Бугарската теза за Македонија е историски издржана. Јас се занимавам со бугарската историја и не можам да поддржам други тези за ова прашање“, категорично вели проф. Рубаха.
Тој изјави дека интересот на Полјаците за Балканот се манифестирал веќе на почетокот на 20 век.
„Полската научна мисла е поделена на два дела. Се препознава бугарскиот карактер на Македонија. Друг дел се согласува со српската верзија, која ја претставил Цвијиќ во 1905 година“, забележува проф. Рубаха.
Полскиот научник е запознаен со историскиот спор меѓу Бугарија и Македонија и сака двете страни да го прекинат овој спор.
Бугарскиот претседател Румен Радев деновиве го нарече Илинденското востание бугарско.foto BGNES