Нова собраниска седница: Се чека избор на претседател на парламентот
Објавено во: Македонија 24 Април, 2017
Денеска е 17-тиот ден како пратениците распрваат за едното исто „Тиранската платформа“, наместо да се сконцентрираат на важните прашања за да се излезе од кризата.
17 дена поминаа во жестоки расправии, провокации, препукувања и обвинувања за криминалци и предавници.
Пратениците најмалку расправаат за дневнот ред, а најмногу за платформата на партиите од албанскиот блок.
Најжестоки реплики и контрареплики се водат меѓу пратениците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.
Пратениците од ВМРО ДПМНЕ бараат Социјалдемократите да кажат што прифатиле од платформата обвинувајќи ги дека со неа ќе го сменат Уставот и ќе воведат албанскиот јазик како втор официјален.
Наспроти нив пратениците од СДСМ ги обвинуваат колегите од ВМРО ДПМНЕ дека намерно ја блокираат работата на парламентот, и дека единствена причина за тоа е да ги соочуваат своите сакани позиции.
Повеќе од четири месеци по изборите од декември земјава нема влада.