28 Април, 2024
0.0319

Нова, уникатна епизода на Winemaker Dinner Series во Дистрикт бар и ресторан со Винарија Камник

Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Нова, уникатна епизода на Winemaker Dinner Series, позната како вечер на гастрономско уживање со спарување на најдобрите македонски вина со соодветно мени од 5 оброци, во организација на Дистрик бар и ресторан. На оваа врвна вечер што ќе се одржи на 29 ноември (петок), со почеток во 21.00 часот, гостите ќе уживаат во тајните на виното и храната, водени од главниот готвач на Скопје Мериот хотел, Кирил Ставрев и искусните енолози на една од најпознатите македонски винарии со меѓународен успех – Винарија Камник.

Креативниот избор на специјалното мени составено од пет оброци од различни светски кујни, совршено комбинирани со секоја чаша вино, ќе го понуди главниот готвач Ставрев. 

„Предизвик е да се направи совршената комбинација од храната и виното, вкусови што одат точно заедно и се дополнуваат. Тајната на оваа комбинација е максимално отворање на вкусовите затоа што само едно вино одговара на извесен оброк и тоа се докажува така што виното ги поттикнува и интензивира вкусовите на послужената храна. Токму таа тајна ќе се обидеме да ја откриеме и со оваа, нова епизода на Winemaker Dinner Series во Дистрикт во соработка со Винарија Камник“, вели Кирил Ставрев, главен готвач на Скопје Мериот хотел.

Покрај препуштањето во храната и виното, гостите ќе имаат можност од искусните енолози на Камник и да научат како соодветно да изберат вино за одредено јадење. Винарија Камник за гостите на оваа вечер подготви и подарок составен од вино од голем, магнум формат и архивно вино од постара берба.

За уживањето да е уште поголемо и забавата загарантирана, ќе се погрижат и Cherry Jazz Band со својот музички перформанс во живо.

Запознајте го вкусот на врвните вина од Македонија и исклучителното мени на Дистрикт и резервирајте на 071/238-522. Цената по лице од 1800 денари вклучува вечера со 5 јадења, а местата се ограничени. 

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг