Новата влада ќе се задолжи за да враќа стари долгови
Објавено во: Финансии 17 Јуни, 2017
Според календарот на министерството за финансии овој вторник е предвидено уште едно задолжување на домашниот пазар. Станува збор за аукција на 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула, со каматна стапка од 3,80%. Заемот треба да се врати до 2032 година. Oвој заем, всушност е предвиден во календарот на задолжувања на старата власт.
Од новиот состав на Министерството за финансии потврдија дека сè уште не се објавени податоците за идните задолжувања до крајот на годината на новата власт. Министерството планира да собере околу 5,6 милиони евра што е идентична сума која достасува за враќање на стари долгови, веќе следниот ден, во среда.